Sofkin Ltd | Софкин дооел
ENGLISHМакедонски

_____________

Патентиран пронајдок добитник на Златна плакета Макинова 2002,

златна медала и прехар Сеул, Ј Кореа 2002
- повеќе -
_____________

Производство на најсовремени сончеви колектори

единствен КПК соларен колектор во МКД и регионот
- повеќе -
_____________

 

Д О Б Р О Д О Ј Д О В Т Е
На веб страната на Софкин дооел

Друштвото Софкин дооел увоз-извоз Скопје, е формирано 2003 година од страна на Трајче Донев, како фирма чија основна дејност е истражување, производство и развој во областите на природните и применетите науки.

Како приоритетни цели се дефинирани развојот и унапредувањето на техниката и технологијата во полето на заштитата на животната средина, одржливиот развој, алтернативните односно обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност.

Така, најголемо внимание се посветува во развојот на соларните (сончеви) колектори и соларни системи, а се со цел обезбедување поефикасно искористување на сончевата енергија. Во смисла на промоција на поуспешни модели за искористување на сончевата енергија тука пред се се мисли на нејзиното конвертирање во термална за загртевање на вода за домакинствата и индустријата, но исто така и за добивање на технолошка пара како и соларно (апсорционо) ладење.

Понатаму големи напори се вложуваат во истражувањето на енергијата на ветерот и развој на посовршени ветерни турбини за производство на електрична енергија.

Унапредувањето на техниките за производтво на биогас исто така се наогаат во фокусот на вниманието што Софкин дооел го посветува во истражувањата и развојот на алтернативните и еколошки пријателски енергетски извори.

Освен иновирањето и промоцијата на нови технологии, следени со подигање на јавната свест за нивно ползување, следна битна активност, односно дејност на Софкин дооел е производството на апликативни технички решенија врз база на сопствени патенти - иновации.
Така да може слободно да се каже дека Софкин дооел во моментов е единствен производител на КПК (Компактен Параболичен Колектор) во Македонија и регионот.

Производтството на КПК - СМ-02б, СМ03б, СМ07-Сб се базира на патентиран пронајдок за кој се добиени повеќе престижни меѓународни признанија. -- повеќе во одделот Иновации --

___________

Комплетни соларни системи

со целосно автоматизиран пумпен (форсиран) процес на работа

- повеќе -
___________

Изведба на класични системи за греење

и нивно комбинирање со соларниот систем
- повеќе -
___________